По речиси 30 години, инфлацијата во Грција е повисока од 11 отсто

35

Инфлацијата во Грција во мај достигна 11,3 отсто на годишно ниво, поттикната од зголемените цени на енергијата и храната.

Цената на гасот е речиси тројно зголемена во однос на претходната година, додека храната поскапе за 12,1 отсто, што дополнително ги оптоварува семејните буџети на особено финансиски послабите домаќинства, пишува весникот „Екатимерини“.

Мајската инфлација од 11,3 отсто е втора највисока годишна стапка забележана во мај од 1993 година, кога изнесуваше 16,4 отсто, а последен пат беше 11,3 отсто во 1994 година.