Француски L’Oréal соопшти дека повеќе нема да го продава својот водечки бренд Garnier на кинескиот пазар. Оваа одлука следува една недела по одлуката на американски Revlon да се повлече од Кина.
L’Oreal, кој го внесе брендот Garnier во 2006 година на кинескиот пазар, сега во оваа земја ќе се фокусира на L’Oreal Paris и Maybelline брендовите.
Кинескиот пазар на козметички препарати се проценува на околу 26 милијарди долари годишно, а за периодот од 2010 до 2015 година е предвиден раст од 63%.
Уделот на L’Oréal на овој пазар е 17%, со 1% е застапен Garnier, додека Revlon беше застапен со 2%.