По рубљата, и јуанот на курсната листа на НБС?

52

По руската рубља, на официјалната курсна листа на Народната банка на Србија (НБС), наскоро би можел да се најде и кинескиот јуан, објави Радио – телевизија Србија.

Можноста националната кинеска валута да се додаде на курсната листа на НБС ја навестија официјални лица од Стопанската комора на Србија (ПКС).

“Стопанската комора на Србија официјално ќе предложи трговските трансакции и инвестиции меѓу Народна Република Кина и Република Србија да се пресметуваат во јуани и динари”, вели Миланка Стојаковиќ од ПКС, задолжена за следење на стопанската соработка со Кина.

На почетокот на октомври 2012 година, со одлука на Извршниот одбор на српската национална банка, руската рубља беше додадена во валутите на курсната листа на НБС, но досега нема официјални најави дека и кинескиот јуан ќе го добие истиот статус.