По трет пат, Еуролинк осигурување доделува стипендии за студенти на Правниот факултет

135

2

По трет пат, компанијата Еуролинк осигурување додели 26 стипендии на перспективни млади луѓе од Правниот факултет Јустинијан Први – Скопје наменети за студентите да ги покријат трошоците за кофинансирање.

1

За стипендијата аплицираа студенти на додипломските и на постдипломските студии од сите студиски насоки на Правниот факултет Јустинијан Први.

3

Во свечена атмосфера, во просториите на Еуролинк осигурување, стипендиите ги додели Олга Костовска, претседател на Надзорниот одбор на Еуролинк осигурување, која во таа пригода им порача на студентите: „Преземете одговорност за својот живот, правете го тоа несебично и без калкулации бидејќи најчесто во животот жалиме за работите што воопшто не сме ги направиле, а не за оние што сме ги направиле и биле можеби добра лекција и одлично искуство. Бидете луѓе што не жалат, туку луѓе што решаваат проблеми, преземаат иницијативи, поставуваат трендови, кои со насмевка и позитивен став му пристапуваат на секојдневието, бидете луѓе што ќе бидат запаметени.”

4

Проектот е дел од долгорочната корпоративна платформа „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“ во редот на активности со кои се промовираат трајните културни вредности со цел унапредување на уметноста и на културата во земјата.

5