По тригодишна пауза ќе се одржи саемот за автомобили во Белград

37

Претстојниот саем за автомобили „DDOR Eco BG Car Show 07“, по тригодишна пауза од пандемијата, ќе се одржи од 12 до 15 мај, соопштија од Белградскиот саем.

Овогодинешниот саем, се наведува, ги има сите предиспозиции да биде пресвртница и суштинска промена во „филозофијата“ на поседување, користење и одржување на автомобили.

ЕКО одредницата во иновативното име на саемот упатува на сосема нов изложбен концепт, намерата на организаторите и увозниците на возила да ги истакнат возилата со еколошки напредни погонски решенија во согласност со новото време и можности, но и нови модели со конвенционални погони кои се претпоставува дека се еколошки напредни и исполнуваат високи еколошки стандарди“, се вели во соопштението.

Фото: Facebook