По вчерашниот раст, цените на нафтата паднаа денеска

30

Цените на нафтата вчера пораснаа на меѓународните пазари, поддржани од оптимизмот за кинеската побарувачка, континуираното намалување на производството од страна на главните производители и плановите на Русија да ја намали понудата.

Според последните податоци објавени на OilPrice.com, цената на нафтата од типот брент претпладнево е 82,85 долари, додека нафтата WTI се тргува по 76,27 долари.

Цените на барелите во петокот на пазарите паднаа за два долари, а во неделата за четири отсто, откако официјалните податоци на американската влада покажаа повисоки залихи на сурова нафта и бензин, пренесува агенцијата Мина.

Групата производители ОПЕК +, која ја обединува Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и сојузниците, вклучително и Русија, се согласија во октомври да ги намалат целите за производство на нафта за два милиони барели дневно до крајот на оваа година.

Одделно, Русија планира да го намали производството на нафта за 500.000 барели дневно во март, или околу пет отсто од своето производство, откако Западот воведе плафон за цената на руската нафта и нафтени деривати.

Сепак, аналитичарите очекуваат увозот на нафта во Кина да достигне рекордни нивоа оваа година.