„Американ Експрес“ објави дека ќе ги прекине сите свои операции во Русија и Белорусија поради руската инвазија на Украина.
Картичките издадени во Русија повеќе нема да можат да се користат надвор од Русија, додека картичките издадени надвор од Русија повеќе нема да функционираат во Русија, објаснуваат од компанијата.
Што се однесува до Белорусија, „Американ Експрес“ вели дека ги прекинува сите деловни операции таму, наведувајќи во соопштението дека една од вредностите на компанијата е „да се направи вистинската работа“.
„Виза“, „Мастеркард“ и „Пејпал“ исто така го прекинаа своето работење во Русија.