По втор пат годинава: Русија го собори рекордот во златни резерви

87

Во јули руските златни резерви достигнаа нов максимум – 179,6 милијарди долари, а нивното учество во меѓународните средства на земјата повторно е максимум, првпат од 2000 година, покажуваат податоците на Централната банка на Русија.

Како што се наведува, во јули инвестициите во злато се зголемени за 2,9 отсто – до 179,6 милијарди долари, додека претходниот рекорд беше соборен во април со 175,9 милијарди долари.

На 1 август девизните резерви на Русија изнесуваа 602,05 милијарди долари, што е повеќе од 1 јули кога изнесуваа 593,5 милијарди долари. Ова е максималната сума од 2022 година.

На листата на првите десет земји со најголеми резерви на злато се Кина, Швајцарија, Јапонија, Индија и Турција.