Побарувачката на гас во Кина може да достигне 650 милијарди кубни метри до 2035 година

Побарувачката на Кина за природен гас би можела да достигне 600-650 милијарди кубни метри годишно до 2035 година, изјави  заменик-генералниот директор на руската филијала на кинеската компанија CNPC, Ли Јунхун.

Зборувајќи на форум во Казан, Русија, тој додаде дека кинескиот пазар во моментов задоволува 40 проценти од своите потреби за гас преку увоз.

Побарувачката на Кина за природен гас минатата година беше околу 425 милијарди кубни метри, па за десет години би можела да се зголеми за повеќе од 200 милијарди кубни метри во споредба со сегашното ниво.