Побарувачката за овие кломпи расте, компанијата ги подарува

325

Познатиот производител на гумени кломпи Crocs, познати како крокси, најави дека ќе донира 10.000 парови на ден на здравствени работници кои се борат против коронавирусот.

“Во текот на изминатата недела разговаравме со здравствени работници, нивните институции, дури и семејството и пријателите, а тие конкретно ги бараа нашите  комфорни обувки кои се лесни за чистење“, рече извршниот директор на Crocs, Ендру Рис.

Овие кломпи се водоотпорни и лесни за плакнење, што е предност бидејќи луѓето сега преземаат посебни мерки на претпазливост поради коронавирусот. Crocs соопшти дека испорачува некои пратки директно во болници и други институции, но им дозволува на работниците да се регистрираат за бесплатни обуви на нивната страница. Компанијата ќе донира обувки сè додека имаат резерви.

“Здравствените работници ја имаат сета наша почит и мило ми е што можеме да одговориме на нивниот повик и да помогнеме во ова невреме“, рече директорот на компанијата.

Фото: Pixabay