Побарувачката за услуги во облак се зголеми за 35%

128

Побарувачката за услуги во облак се зголеми за 35% на 41,8 милијарди долари во првиот квартал од оваа година, покажува анализата на Canalys. Трендот на зголемување на услуги во облак за аналитика на податоци и машинско учење, консолидација на дата центри, миграција на апликации… продолжи и на почетокот на оваа година, пренесува Bug.

Во првиот квартал од оваа година, глобалната потрошувачка на корисници за првпат во едно тримесечје надмина 40 милијарди долари, што е за скоро 11 милијарди долари повеќе одошто во првото тримесечје од минатата година и скоро две милијарди долари повеќе во споредба со последното тримесечје од 2020 година.

Забрзување на дигиталната трансформација во текот на последните 12 месеци, со организации коишто се прилагодуваа на новите работни навики во пандемијата, динамиката на деловните процеси ја зголемија побарувачката за услуги во облак.

Amazon web services остана глобален лидер во услугите во облак во првиот квартал од оваа година. На годишно ниво, неговите приходи од вакво вид на услуги порасна за 32%. Microsoft Azure во првиот квартал од оваа година имал раст од 50%, што е трето тримесечје по ред. Со тоа достигна 19% пазарен удел во овој сегмент на услуги. Google Cloud го задржа пазарниот тренд благодарение на услугата Google One што овозможува комбинирање на повеќе услуги. Во последниот квартал од минатата година Google Cloud порасна за 56% и достигна 7% од глобалниот пазарен удел.

Фото: Freepik