Поблаг пад на економијата на еврозоната во декември

53

Падот на активноста во економијата на еврозоната забави во декември благодарение на ублажувањето на инфлацијата што и наштети на куповната моќ и намалената побарувачка, „потпомогнато“ од повисоките каматни стапки, покажа во средата истражувањето на S&P Global.

„Ситуацијата во економијата на еврозоната повторно се влоши во декември, но интензитетот на падот се ублажи втор месец по ред, што покажува дека падот на економската активност може да биде поблаг од првично очекуваното“, рече економистот на S&P Global, Крис Вилијамсон.

Побарувачката повторно ослабе во декември, шести месец по ред, особено во странство, па компаниите повторно ги „одработија“ старите нарачки со забрзано темпо, особено во индустријата.

Во услужниот сектор, инфлацијата е сè уште висока, како одраз на наглиот пораст на трошоците за работна сила поради проблемите со наоѓање работници, забележува тој.

И покрај поблагиот пад на активноста на крајот на годината, истражувањето навистина не дава премногу докази дека економијата наскоро би можела да расте со стабилно и забележливо темпо, предупреди главниот деловен економист на S&P Global.

„Побарувачката останува кревка додека клиентите штедат, а деловната доверба продолжува да се намалува поради стравувањата од рецесија, неизвесноста околу трошоците за енергија и упорно високата инфлација и заострените услови за финансирање“, објаснува Вилијамсон во својата проценка.