Почетна плата од 5.000 евра за хрватските доктори за работа во скандинавските земји

396

doktor

Почетна плата од околу 5.000 евра нудат скандинавските работодавачи на хрватските доктори и специјалисти за работа во нивните земји, покажуваат понудите на Саемот на кариера во здравството што во Загреб предизвика голем интерес кај студентите по медицина и специјализантите, пренесува Тпортал.

На саемот се претставија работодавачи од Шведска, Данска, Германија и Велика Британија, а бараат специјалисти од сите профили – општи доктори, психијатри, офталмолози, кардиолози, радиолози, патолози и интернисти.

Во понудата наведуваат дека 5.000 евра е основната месечна плата за почетници, но сите дополнителни обврски, дежуства и прекувремена работа, посебно ќе се плаќаат.

Се бараат и медицински сестри, кои во Велика Британиа, би можеле да добијат работа за домашна нега и за тоа ќе бидат платени по околу 18 евра на час.

За големиот интерес на хрватските доктори да заминат во странство сведочат и податоците од тамошната лекарска комора.

Имено, од влезот на Хрватска во Европска унија, дури 755 доктори од Комората побарале потврда за заминување во странство. Меѓу нив најмногу има анестезиолози, гинеколози, радиолози и интернисти, најчесто на возраст од околу 40 години. Станува збор за специјалисти, во чија едукација Хрватска вложила голем износ на средства, на кои најчести дестинации  им се Германија и Велика Британија, а нешто поретко Ирска, Австрија и Шведска.