Почина Џилберто Бенетон еден од основачите на модниот гигант

34

Џилберто Бенетон, еден од основачите на познатиот моден бренд  Benetton, почина на 77 годшина возраст по кратко боледување, пишува BBC.

Тој заедно со своите браќа Лучијано и Карло и сестрата Џулијана ја основаа компанијата United Colors of Benetton во Италија, во 60-тите години на минатиот век.

Фамилијата Бенетон е една од најмоќните во земјата, со бизниси во градежништвото, транспортот и угостителството.

Џилберто е заслужен за проширување на компанијата надвор од бизнисот со облека, што и донесе милијарди евра и светска слава.

Силните и светли бои на џемперите коишто беа нивен заштитен знак, ги одбележаа 80-тите и 90-тите години, како и смелите и провокативни реклами кои што ги има и денес.

Фамилијата исто така ги контролира и аеродромите во Рим.

Фото:Facebook