Почина Фердинанд Пих, човекот што го однесе VW на врвот

38

Поранешниот шеф на VW групата, Фердинанд Пих, почина на 82 годишна возраст, пренесува Reuters. Тој е внук на Фердинанд Порше и направи огромен чекор во развојот и растот на Volkswagen во последните децении.

Пих започнал да работи во Porsche веднаш штом завршил универзитет во 1963 година. Подоцна го водел тимот што го создал легендарниот прототип 917, модел којшто ја заработи првата награда на 24 часовната трка Le Mans во 1970 година. Во 1975 година, тој заминува и преминува во Audi. Како шеф на техничката поделба на Audi, Пиx го водеше развојот на моделот 80 и 100 и игра клучна улога во започнувањето на Quattro системот. Пих исто така има многу важна улога во градењето на Audi во премиум бренд кој се етаблира како ривал на BMW и Mercedes.

Во 1993 година, Пих стана претседател на управниот одбор на Volkswagen, во време кога компанијата се наоѓаше во сериозна финансиска криза. Таа успева да се справи со тоа потпирајќи се на создавање и развој на првите модуларни платформи – решение кое докажува дека е клучно, а во истиот период групацијата стекнува сопственост на: Škoda, Bentley, Bugatti и Lamborghini, а со нив и производителите на камиони MAN и Scania, како и компанијата за мотоцикли Ducati.

Пих се смета за архитект на поблискиот однос помеѓу групацијата VW и Porsche, сопственик на двете компании е семејството Порше, а Пих поседуваше 10%.

На 65-годишна возраст, според политиката на компанијата, Пих се повлече, но до 2015 година тој остана важна фигура на надзорниот одбор на групата VW, а потоа конечно замина откако избувна глобалниот скандал Дизелгејт.

Извор Авто Плус

Фото: Facebook