Почина иноваторот кој им го промени животот на спортистите и астронаутите

42

Хемискиот инженер, Роберт Гор, кој стои за технологијата Gore – Tex, додека работел за семејната фирма во американската држава Мериленд, почина на 83-годишна возраст, пренесува ВВС.

На пазарот, за првпат е претставена непропустливата ткаенина во 1976 година, која имала широка примена во изработка на облека за многу луѓе кои сакаат да пешачат, за спортисти кои играат на отворено, но се користи и за многу други производи.

По завршување на студиите, Роберт работел во семејната компанија WL Gore & Associates, којашто во 1958 година ја основал неговиот татко и вујко.

Во 1969 година, во лабораторијата на компанијата е откриен нов облик на полимер. Татко му го замолил да го истражи новиот начин на производство на водоинсталатерски врвки. Роберт забележат дека со развлекување на материјалот PTFE, полимерот се растегнува за 1.000% и така создава посебна структура.

Од тој материјал почнал да произведува ткаенина којашто содржи милијарди дупчиња помали од капка вода, по што создал водоотпорна, но и површина што може да “диши“, а ја нарекол Gore – Tex.

Овој материјал денес има широка примена и за изработка на медицински помагала, жици за гитари, вселенски одела, кеси за вакуумирање…

Фото: Gore.com