Почина коосновачот на Subway – човек кој од 1.000 долари направи милијарда

251

Ко-основачот на Subway, Питер Бак, кој својата почетна инвестиција од 1.000 долари ја претвори во повеќе од 1 милијарда долари, почина во четвртокот на 90-годишна возраст, потврди компанијата.

Со повеќе од 40.000 локации ширум светот, Subway денес е најголемиот синџир на ресторани за брза храна во светот. Бак, последниот преживеан основач на фирмата, оставил богатство од 1,7 милијарди долари, според Форбс. 

„Длабоко сме тажни поради смртта на еден од основачите на Subway,  Питер Бак. Тој беше одличен пример за посветен, практичен лидер и составен член на семејството на Subway“ изјави Џон Чидси, извршен директор на Subway.

Во 1965 година, Бак му дал на својот семеен пријател Фред Де Лучи идеја да отвори сендвичара за да му помогне на тогашниот бруцош да заработи пари за колеџ.

Бак, кој бил нуклеарен физичар, обезбедил почетна инвестиција од 1.000 американски долари, а продавницата тогаш наречена  “Pete’s Super Submarines” била отворена во Бриџпорт, Конектикат.

До 1974 година, двајцата поседуваа и управуваа со 16 продавници во Конектикат, а потоа почнаа да даваат франшиза Кога Subway за прв пат стана широко популарен во 1970-тите и 80-тите, им понуди на клиентите да изберат што сакаат во нивниот сендвич, со што беше единствен во тоа време.

Денес, повеќето продавници ја нудат оваа опција. Според истражувачката и консултантска фирма Техномик, продажбата на локациите на Subway во САД е намалена во последниве години. Во услови на конкуренција од други фирми за брза храна, продажбата на целиот систем на локациите на Subway падна на 8,3 милијарди долари во 2020 година, од 12,3 милијарди долари во 2013 година, најдобрата година во изминатите 15, според анализата на Техномик.