Почина легендарниот дизајнер Кензо Такада

130

Основачот на модниот бренд Кenzo, Кензо Такада, почина од Kовид-19 на 81 година.

Пред неколку дена, Kenzo ја претстави својата пролетна колекција 2021, инспирирана од македонскиот документарец Медена земја.

Познат по своите шарени графички и цветни принтови, тој беше првиот јапонски дизајнер кој успеал да се пробие на париската модна сцена. Тој пристигнал во Франција со брод во 60-тите и останал до крајот на животот.

“Со своите речиси 8.000 дизајни, Кензо никогаш не престана да ги слави модата и уметноста на живеењето“, изјави неговиот портпарол.

Такада ја основал својата светски позната модна куќа во 70-тите, а во 1983 година ја претстави и првата колекција за мажи, за потоа да почне да произведува и фармерки и спортска облека.

Фото: Facebook