Почина министерот за финансии на ОАЕ и втор човек на Дубаи

34

Министерот за финансии на Обединетите Арапски Емирати и втор човек на Дубаи, шеикот Хамдан Бин Рашид Ал Мактум почина на 75-годишна возраст, пренесоа светските медиуми.

Хамдан беше министер за финансии на ОАЕ од 1971 година, а втор човек на Дубаи стана во 2006 година. Тој беше втор син на починатиот владетел на ОАЕ Рашид Бин Саид Ал Мактум и постар брат на сегашниот потпретседател и премиер на Емиратите, Мохамед бин Рашид.

Засега не е познато од што починал шеикот Хамдан. 

Фото: Facebook