Почина Оливер Костуранов, директор на СЕАФ Македонија и претседател на Одборот на директори на Македонски телеком

119

oliver

На 23 ноември, 2014 година ненадејно почина нашиот долгогодишен соработник, колега, ментор, пријател и голем човек, Оливер Костуранов.

Костуранов како генерален директор на СЕАФ Македонија – основач на ЦЕЕД Македонија, имаше големо влијание врз развојот, работењето и деловната култура на овие компании, како и врз знаењето, лојалноста и колегијалноста на тимовите.

Оливер Костуранов ја вршеше и функцијата Претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком.

Тимот на ЦЕЕД Македонија е благодарен што имаше можност да соработува со ваков исклучителен човек.