Почина познатиот филантроп и милијардер Дејвид Рокфелер

96

david-rockefeller

Фото: Wikipedia

Милијардерот и филантроп Дејвид Рокфелер почина на 101 година. Неговиот портпарол соопшти дека Рокфелер починал во сон во својот дом во Покантико Хилс во државата Њујорк. Тој беше најмладиот син на Џон Д. Рокфелер Јуниор и внук на еден од основачите на Standard Oil, Џон д. Рокфелер.

Дејвид Рокфелер дипломирал на Харвард во 1936 година и се стекнал со докторат за економија од Универзитетот на Чикаго во 1940 година. За време на Втората светска војна и служел на армијата, а потоа се вработи во Chase Bank, којашто подоцна станува JP Morgan Chase, пишува BBC.

Тој беше именуван за претседател на компанијата во 1961 година, а осум години подоцна стана претседател и главен извршен директор. Познатиот капиталист ги подржуваше економиите во странство, тврдејќи дека тоа ќе создаде клиенти за американски производи. Под негово лидерство, Chase беше првата американска банка што отвори канцеларии во советскиот сојуз и Кина.

Во 1974 година тој беше првиот што отвори канцеларија во Египет по Суецката криза во 1956 година.
Рокфелер, исто така, стоеше зад проектот Светски трговски центар во Њујорк. Се пензионираше во 1981 година на возраст од 65 години.