Почина познатиот моден дизајнер Карл Лагерфелд

50

Фото: Facebook

Познатиот моден дизајнер, Карл Лагерфелд почина на 85 години во Париз, пишува BBC.

Германскиот дизајнер, кој беше креативен директор на Chanel и Fendi, беше еден од најпопуларните во светот на модата.

Тој, исто така, дизајнираше и колекции за сопствениот бренд.

Иако е роден во Германија, поголемиот дел од својот живот го помина во Париз, каде што емигрирал како тинејџер.

Својата кариера ја започна со Chanel во 1983 година, а паралелно го развива и својот бренд.