Почина “таткото“ на cut, copy и paste

165
Лери Теслер, човекот кој ги измисли опциите cut, copy и paste, почина на 74 години.
Теслер ја започна неговата кариера во раните 60- ти, кога компјутерите не беа достапни за сите. Благодарение на неговата иновација, компјутерите станаа многу поедноставни за користење.

“Иноваторот за опциите сечење, копирање, залепување и многу други работи, работеше во Xerox. Вашиот работен ден е многу полесен благодарение на неговите револуционерни идеи“, напиша компанијата Xerox на својот Twitter профил.

Теслер е роден Бронкс, Њујорк, во 1945 година, а студирал на Универзитетот Stanford во Калифорнија. Откако дипломирал, својата специјализација ја насочил кон компјутерите и нивната поедноставна употреба. Работел во Apple, Amazon и Yahoo.

Откако ги измисли опциите cut, copy и paste, објасни дека инспирација за тоа добил од старите методи кои луѓето ги користеле кога правеле колажи. Сечеле парче хартија или го прецртувале, а потоа го залепувале на друга површина.

Фото: Facebook