Почина “таткото“ на PDF

44

Чарлс Гечке, коосновач на софтверската компанија Adobe, којшто стои зад развојот на Portable Document Format или познат како PDF, почина на 81-годишна возраст, јавува ВВС.

Тој го основаше Adobe во 1982-ра година, давајќи му на светот PDF форматот што и денес има широка примена.

“Ова е огромна загуба за целата заедница на Adobe, но и за целата технолошка индустрија, на која со години ѝ беше водич и херој“, вели Шантан Нарајен, извршен директор на Adobe.

Во 1992-ра година, Гечке бил киднапиран, а за негово ослободување биле платени 650.000 долари. Во 2009-та година, тогашниот американски претседател, Барак Обама на Гечки му даде Национален медал за технологија.

Фото: Pixabay