Почина уште еден „свиркач“ на „Боинг“: тој предупреди за безбедносните пропусти на „737 MAX“

22

Џошуа Дин, еден од првите свиркачи кој укажа на производствени дефекти на авионите „боинг 737 макс“, почина на 45 години по борба со ненадејна брзоширечка инфекција. Неговото семејство објави дека Дин починал откако две недели бил во критична состојба.

Дин работел како ревизор на квалитет во компанијата „Спирит аеросистемс“ од Вичита, Канзас, која е добавувач на „Боинг“. Тој ја обвини „Спирит“ дека игнорирала производствени проблеми на авионите „737 макс“. Во својата тужба против „Спирит“ поднесена во Федералната управа за авијација, Дин  укажал на „сериозно недолично однесување на високото раководство за квалитет кон производната линија на ‘737‘“.

„Спирит“ го отпуштил Дин во април 2023, за што тој поднесе жалба, тврдејќи дека отказот го добил како одмазда.

Дин е вториот свиркач поврзан со „Боинг“ кој почина оваа година. Џон Барнет беше пронајден мртов во март и неговата смрт беше прогласенa за самоубиство.