Почна изградбата на Јужен тек низ Србија

22

GASOVODNA CEVСо заварување на првиот спој на цевката на гасоводот во Шајкаш кај Нови Сад, вчера беше означен свечениот почеток на изградбата на Јужен тек низ Србија.

Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека приклучувањето на Јужен тек е прв капитален проект по повеќе децении и дека Србија ќе биде значаен јазол за снабдување со гас и сигурен енергетски партнер во регионот.

Изградбата на проектот вреден 1,9 милијарди евра ќе трае две години, а пуштањето во употреба е планирано за 2016 година.

На проектот директно ќе бидат вработени 2.500 работници, а индиректно околу 100.000.

Фото: Танјуг