Почна процесот на приватизација на Нова кредитна банка Марибор

21

nkbm

Словенечкиот државен фонд СОД вчера објави повик за искажување интерес на потенцијални инвеститори за купување на 100% удел во Нова кредитна банка Марибор (НКБМ), втората најголема банка во земјата, која е во целосна сопственост на државата.

Рокот за предавање на овие понуди е 3 јуни, по што ќе следува собирање на необврзувачки, а потоа и обврзувачки понуди.

НКБМ според неревидираниот извештај минатата година ја заврши со чиста загуба од 648,4 милиони евра, а во првите три месеци годинава оствари 8,9 милиони чиста добивка. Државата минатата година ја докапитализира со 870 милиони евра, од кои 250 милиони во државни обврзници, а остатокот во готовина.