
Министерството за дигитална трансформација ја известува јавноста дека започна реализацијата на новиот Јавен повик за доделување вредносни ваучери за студенти за набавка на електронски уреди. Преку Националниот портал за е-услуги – uslugi.gov.mk, сите студенти во државата имаат можност да аплицираат за ваучер кој ќе им овозможи полесен пристап до современа ИТ опрема, со цел поддршка на нивното образование и дигитално напредување. Аплицирањето е отворено до 20 декември 2025 година, а реализацијата на ваучерите ќе може да се изврши до 31 декември 2025 година.
Чекори за аплицирање за студенти кои се во евиденција на МОН (линк до услугата: https://uslugi.gov.mk/service-details.nspx?serviceId=5980)
- Студентот се најавува на uslugi.gov.mk и ја поднесува апликацијата за услугата „Јавен повик за доделување на вредносен ваучер за студенти за набавка на електронски уреди“.
- Во процесот на аплицирање не е потребно прикачување документи. По успешно поднесување, системот генерира документ – Вредносен ваучер.
- Со добиениот ваучер, документ за идентификација и потпишување на Изјава за искористен ваучер (во продажниот салон на економскиот оператор), студентот може да го подигне електронскиот уред од избраниот економски оператор, најдоцна до 31.12.2025 година.
Чекори за аплицирање за студенти кои НЕ се во евиденција на МОН
- Доколку при аплицирањето системот утврди дека студентот не е во евиденција на МОН, тој автоматски добива известување и линк кон посебната услуга:
„Јавен повик за доделување на вредносен ваучер за набавка на електронски уред за студенти кои не се во евиденција на МОН“, каде треба да продолжи со апликацијата до 20.12.2025 година. - Во овој случај, студентот е должен да прикачи потврда за редовен/вонреден студент, издадена од високобразовната установа во која е запишан.
- По успешно комплетирање на апликацијата, системот генерира Вредносен ваучер.
- Со ваучерот, документ за идентификација и потпишана Изјава за искористен ваучер, студентот може да го подигне електронскиот уред од избраниот економски оператор најдоцна до 31.12.2025 година.
Економски оператори за реализација на ваучерите:
Министерството за дигитална трансформација ги охрабрува сите студенти да аплицираат навремено и да ја искористат оваа можност преку Националниот портал за е-услуги.











