Министерот за економија Ваљон Сарачини денес ќе го означи почетокот на изградбата на една од четирите мали хидроцентрали, што ќе ги гради компанијата Сол Хидропауер дооел Скопје, во општина Теарце.
Министерството за економија со оваа компанија има потпишано четири договори за концесија на вода, на водотекот на реката Бистрица, каде подготвителните активности за нивна изградба се веќе започнати.