Почнува конкурсот за стипендии од Sparkasse банка

81

sparkasse-banka-poslovnicaКонкурсот за овогодинешните стипендии кои ќе се доделат за обука и стажирање во Ѕteiermaerkische Sparkasse, во австрискиот град Грац за 2013/14 година, како и условите за учество во проектот Најдобрите од Југоистокот ќе биде објавен денес на Економски факултет Скопје во Амфитеатар 2, со почеток во 12 часот.

Програмата Најдобрите од Jугоистокот се спроведува од страна на Ѕteiermaerkische Sparkasse, Австрија и Универзитетот во Грац, а во Македонија се реализира со поддршка на Универзитетот св. Кирил и Методиј – Скопје и Sparkasse банка Македонија. На конкурсот учествуваат најдобрите студенти на економија и право од земјите во регионот, а победниците добиваат право на стипендии за обука и стажирање во Ѕteiermaerkische Sparkasse и Универзитетот во Грац.

Годинава соработката со Универзитетот Кирил и Методиј – Скопје се проширува преку вклучување на Правниот факултет Јустинијан Први – Скопје во реализација на програмата. Со тоа се овозможува и студентите од овој факултет да имаат можност да се пријават на конкурсот за учество во програмата Најдобрите од Југоистокот за 2013/14 година.

Учесници на презентацијата ќе бидат Саша Боко, член на Управниот одбор на Sparkasse банка Македонија, проф. д-р Љубомир Дракулевски, декан на Економскиот факултет Скопје, проф. д-р Борче Давитковски, декан на Правниот факултет Јустинијан Први – Скопје и Кристина Депо, директор за маркетинг и комуникации на Sparkasse банка Македонија.