Почнува најголемата журка – Карневалот во Рио низ бројки

107

Денеска почнува познатиот карневал во Рио де Жанеиро, а проценките се дека фестивалот секоја година го посетуваат околу 500.000 странци.

На карневалот, којшто ја носи титулата, најголем на светот, секоја година се пијат 10 милиони литри пиво.

Овој спектакуларен настан, наречен најголема журка на светот, почнува последниот петок пред велигденските пости и трае до среда претпладне. Карневалот го организира туристичката организација на градот и Независното училиште за самба Рио де Жанеиро. На натпреварот во танц на карневалот во 2018 година учествувале 13 школи за самба, а секоја има околу 3.000 танчери и музичари.

Настапите се одржуваат на стадионот Самбадром којшто прима 88.500 луѓе, а цените на картите се движат помеѓу 300 и 600 евра.

Учесниците цела година работат на подготовка на костими коишто ги носат само неколку часа, а некои школи издвојуваат и над четири милиони долари за настанот.

Самбадром е центарот на сите случувања, а останатите посетители се забавуваат на “блоко“ улични журки. Проценките се дека на улиците секојдневно се собираат околу два милиони луѓе.

Се ангажираат околу 17.000 полицајци, поставени се 32.560 тоалети, а се проценува дека градот остварува добивка од 1,06 милијарди долари од туризам. Тоа е благодарение на 86% исполнетост на хотелите за време на траење на карневалот.

Фото: Facebook