Почнува реализацијата на комплексот Ера сити

70

2a46c106-6a51-4e32-8a1d-80f1a3410fd5Компанијата Grupa TriGranit преку словенечкиот партнер Групација ЕРА, која е сопственик на Скопски саем, ќе влезе и на македонскиот пазар.

Групацијата ЕРА, ќе започне деловна соработка со меѓународната корпорација TriGranit Management Corporation, која што е оперира во 10 европски земји.

Преку потпишувањето на Договорот за деловна соработка, на 11.02.2013, покрај проширувањето на регионалното делување на Балканот, се проширува и професионалното портфолио на дејности на TriGranit, додека Групацијата ЕРА преку интегрирана синергија ќе ја зголеми својата водечка улога во индустријатa на саеми и настани во југоиcточниот регион.

На прес-конференција во среда Групацијата ЕРА и TriGranit Management Corporation ќе ги изнезе информациите за идната деловна соработка и реализација на заедничкиот проект ЕРА СИТИ на просторот на Скопски саем преку видео приказ, промотивни материјали и обраќања на своите високи претставници.