Почнува „војната на ниските цени“: Два нови кинески автомобили чинат по 10.000 евра

230

Кинеската марка BYD наскоро ќе пушти во продажба нови верзии на два свои седани, по цени што ќе ги направат многу конкурентни на пазарот.

Во прашање се варијантите „Glory Edition“ на моделите BYD Qin Plus и BYD Chaser 05, а двата модели ќе чинат 79.800 јуани, односно само 10.300 евра.

Оваа цена се однесува на основните верзии, а тука се и BYD Qin Plus DM со хибриден погон, како и Qin Plus EV кој ќе биде нешто поскап.

Кога станува збор за електричниот BYD Chaser 05 „Glory Edition“, неговата најголема предност е што за 10.300 евра доаѓа со голем пакет опрема. Во некои верзии кои се малку поскапи, дури е вклучен и виртуелен асистент.

Како што пренесува CnEVPost, се претпоставува дека со ова BYD ќе започне „војна на ниски цени“ на кинескиот пазар и дека ќе следи верижна реакција според која и другите производители на модели од истиот сегмент би ги намалиле цените на нивните автомобили.

Поточно, се очекува пресметка помеѓу моделите BYD Qin Plus, Nissan Sylphy, VW Lavida и Toyota Corolla, од кои најевтин ќе биде веќе споменатиот BYD.