Во рамките на Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија утре во Тетово, во хотел Лирак, со почеток во 15 часот ќе се одржи првиот модул од втората генерација на Програмата за претприемачи. Тема на модулот ќе биде Претприемачко лидерство.
На настанот ќе учествуваат 18 микро и мали компании, најголем дел од Полошкиот регион, како и по еден учесник од Струга и Кичево.
Во минатата генерација на Програмата за претприемачи учествуваа 16 компании од Полошкиот регион кои успешно ја поминаа обуката и сега се во фаза на користење на услугите од другите компоненти на проектот.
Гости говорници на настанот ќе бидат Лирим Таравари од градежната компанија Леарт проект од Гостивар и Владимир Крстиќ од Smart Solution, Скопје. Од името на УСАИД учесниците ќе ги поздрави г. Џозеф Лесард директор на бирото за економски развој и г. Јован Маџовски од ЦЕЕД Македонија.