Почнува зимскиот распоред на летање на аеродромите во Скопје и Охрид

Од денеска  почнува зимскиот распоред на летање на Меѓународниот Аеродром Скопје и ќе трае до 27-ми март 2026.

Од Меѓународниот Аеродром Скопјe ќе има поврзување до 49 редовни дестинации што ќе ги опслужуваат 17 авиокомпании, како и 13 чартер дестинации на кои ќе сообраќа една авиокомпанија. Од Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, пак, се предвидени пет дестинации, на кои ќе сообраќаат три авиокомпании, а деталите на следниов линк.

Деталите за дестинациите, авиокомпаниите и фреквенциите на летовите на скопскиот аеродром можете да ги најдете на следниов линк.