Почнуваат инфо-деновите за европските образовни програми

39

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност денес го организира првиот инфо – ден. На настанот кој ќе се одржи во хотелот Стоун бриџ, претставниците на агенцијата ќе ја презентираат програмата Доживотно учење (Lifelong learning programme), чиј дел се Комениус, Леонардо да Винчи, Еразмус и Грундтвиг.

Централна тема ќе биде мобилноста на студентите, а присутните ќе имаат можност да добијат детални информации за аплицирањето, процедурите, пријавувањето и за се останато што на идните корисници ќе им биде потребно за подобро да се подготват за процесот на пријавување.

Според соопштението на националната агенција за европски образовни програми и мобилност, годинава биле искористени 1,3 милиони евра од буџетот наменети за престој на студенти надвор од земјава, што е 90% од вкупните 1,5 милиони евра со кои располагала Агенцијата.