Почнуваат поединечните нарачки и испораки на турскиот автомобил ТОГГ, одредена е и цената

172

Првиот турски електричен автомобил ТОГГ ќе им биде достапен на купувачите преку поединечни нарачки преку преднарачки овој месец, а испораките се очекуваат во текот на тековната година, јавува Анадолу.

Поединечните нарачки на турскиот автомобил ТОГГ преку интернет-платформата ќе бидат можни од 16 до 27 март, а испораките на возилата на купувачите ќе бидат реализирани во текот на 2023 година.

Моделот „T10X“, што излезе од производната лента на Денот на Републиката, 29 октомври 2022 година, наскоро ќе се најде во гаражите на поединечните купувачи, кои ќе решат да нарачаат однапред преку интернет-платформата на компанијата.

Цената на основниот модел започнува од 953 илјади турски лири (ТЛ) или приближно 46 илјади евра, а на купувачите им се достапни опции со посег на батерии од 523 и 314 километри, чие основно полнење од 20 до повеќе од 80 отсто е можно во помалку од 28 минути.