Под брендот Air Montenegro ќе летаат авионите на црногорската авиокомпанија

85

Авионите на црногорската авиокомпанија To Montenegro ќе летаат под ново име – Air Montenegro.

Од компанијата соопштија дека над 500 предлози за ново име и лого пристигнале на адресата на новата авиокомпанија.

Во процесот на избор на примените понуди за избор на име, стручното жири немало дилема, бидејќи според нивните критериуми и предлогот на најголемиот број граѓани, името на брендот Air Montenegro е најдобро име за нова фаза и препознатлив континуитет на националната авиокомпанија.

Фото: Freepik