Под истрага 30 милиони возила поради воздушни перничиња

70

Американската национална управа за безбедност во сообраќајот на патиштата истражува сомневања за неисправни воздушни перничиња од јапонската компанија Takata вградени во приближно 30 милиони возила во САД.

Станува збор за автомобили произведени од околу 20 компании меѓу 2001 и 2019 година. Меѓу нив се и Хонда мотор, Форд, Тојота, Генерал моторс, Нисан, Субару, Тесла, Мазда и БМВ.

Takata беше среде сличен скандал и во 2014 година. Според американските регулаторни тела, воздушните перничиња направени од јапонската компанија поради дефект и во случај на несреќа може да не се отворат правилно или да пукнат и да се распрснат врз луѓето. Како последица, досега најмалку 20 луѓе загинаа во светот, а стотици се повредени.