Податоците од американскиот пазар на труд пријатно ги изненадија аналитичарите

32

Американските работодавци додадоа 353.000 работни места во јануари, а Министерството за труд ја зголеми бројката за декември на 333.000. Отпорноста на пазарот на труд во време на високи каматни стапки ги изненади аналитичарите. Стапката на невработеност во јануари се задржа на 3,7 отсто.
Како што јави француската новинска агенција АФП, најновите податоци од пазарот на трудот се добра вест за претседателот Џо Бајден за време на неговата претседателска кампања за втор мандат во Белата куќа.

Сепак, претседателот на Федералните резерви Џером Пауел оваа недела предупреди дека силниот пазар на труд не е нужно проблем за креаторите на политиката, но може да ја комплицира борбата на ФЕД против високата инфлација.
Во јануари, на месечно ниво, платите исто така пораснаа над очекувањата, за 0,6 отсто. На годишна основа, просечната саатница скокна за 4,5 отсто, ги сумира АФП податоците од Министерството за труд.