Поддршка на проект или акција

47

poddrska-pixabayФото: Pixabay

Сигурен сум дека поголемиот број од вас знаат, но за тие кои не знаат, од неодамна го лансиравме концептот за интернационализација на прирачникот Tip of the Week.

Поддршката на овој концепт е многу лесна работа и доколку верувате во него, треба само да одите на следниов линк и да го поддржите со минимум еден до 1.200 долари или повеќе, но и да споделите со вашите пријатели.

Поттикнат од овој проект, но и од сите проекти или донации кои ми поминале пред очи, а морам да признам дека во последно време ги има сè повеќе и повеќе, ме натера да размислам, зошто некои работи ги поддржуваме или не, но и целата енергија којашто ја вложуваат тие луѓе за да успее навистина нивниот проект.

Поддршката на еден проект или акција e многу лесна и сè што треба да направите е да ја извадите вашата кредитна картичка и да го поддржите или да го споделите со вашите пријатели. Но, пред да го направите тоа, барем неколку работи треба да земете предвид:

Колку добро го знаете проектот – прочитајте малку повеќе за него, истражете се за него. Видете колку е тој е во линија со она што го работите или верувате.

Инволвирани – убаво истражете кој е инволвиран во имплементација на проектот. Можеби проектот и не е толку добар или не се совпаѓа со вашите начела на поддршка, но овој тим што стои позади проектот до сега нема направено промашување.

Финансии – што е целта на проектот, колку финансии се потребни за успешно извршување, дали се реални тие барања, дали се остварливи, дали се доволни итн итн…

Заштита – во денешно време има сè поголем број лажни профили и проекти кои бараат пари или каква било поддршка, па проверете колку е безбедна вашата поддршка затоа што покрај парите, потребно е понекогаш да ги оставите и личните податоци. Бидете внимателни после тоа да не се злоупотребат.

Поддршка – откако веќе е дефинирано дека сакате да го поддржите проектот или акцијата, следно што треба да направите е да ја дефинирате вашата поддршка:

Нематеријална – налага ваша поголема инволвираност во успешност на проектот (да го споделите со вашите пријатели и сите оние кои мислите дека можат да помогнат во негова успешна реализација, да бидете подготвени и да ги уверите дека треба да го поддржат, итн), па дури и ваша инволвираност во неговата имплементација.

Материјална – откако сте истражиле сè и сте заклучиле дека би сакале финансиски да го поддржите проектот, потребно е да се запрашате со колкав буџет располагате за поддршка на проектот. Сите проекти или акции, како и нашиот, имаат од минимум до максимална финансиска поддршка (колку што е целата финансиска потреба за имплементација на проектот).

Како што напоменав, во денешно време сè повеќе и повеќе ни пристигнуваат разно разни проекти и акции за поддршка. Вашата поддршка за нивна успешна имплементација е повеќе од добредојдена, а начините на поддршка се безбројни и кој ќе го искористите, зависи само од вас!