На иницијатива на DigitalAgendaEU, со поддршка на Европската Комисија, StartUp Europe Week доаѓа во Скопје, а за овој настан се погрижија локалните ко-организатори: Нина Николиќ, (претставник на StartUpSelfie и Brainster), Зоран Настески (претставник на Inception Enterprise), Игор Маџов (претставник на NewMan’s Business Accelerator), Јулиа Мицевска (претставник на CoSeed и MadiGroup) и Миле Бошков (претставник на Бизнис Конфедерација на Македонија).
Главната конференција – “Поддршка за МКстартапс заедницата“, која што ќе се случува овој петок (05.02.2016) со почеток во 11ч. во ЕУ инфо центарот, е поделена во три сесии:
Во првата сесија ќе има претставници од различни институции и организации со кои ќе се сретнете на патот кој треба да го “изодите“ кога стартувате бизнис. За правните работи ќе зборува искусната адвокатка Мирјана Марковска, за можности за поддршка на стартапи од страна на ЕУ ќе зборува делегатот Јаромир Левичек. Во оваа сесија ќе има и skype конекција со Исидоро Ласо, претставник од Европска Комисија.
Во втората сесија, активни членови на македонската старт-ап заедница ќе ги споделат своите искуства, па ќе можеме да дознаеме за разликите од вработен до претприемач директно од Петар Ниновски, ко-основач на Brainster. Присутните ќе добијат “инструкции“ за во случај нивниот стартап да доживее неуспех, од Дарко Булдиоски, ко-основач на New Media МК, но и што ако успее и прерасне од старт-ап во компанија која вработува, од Теди Пејоски, ко-основач на G6.
Во третата сесија, говорници ќе информираат за различни начини на поддршка, соработка, финансирање и инвестиции за стартапи. Меѓу нив ќе бидат претставници од ЦЕЕД Македонија, Фондот за иновации и технолошки развој, како и менаџерот за инвестиции од South Central Ventures.
Сите говорници може да ги најдете на веќе објавената финална агенда. Иако овие настани во рамките на #SEweek16 се бесплатни, карти веќе нема, па затоа организаторите повикуваат, сите што сакаат да бидат дел од конференцијата во петок, да ги контактираат преку маилот [email protected].
Иницијатива на ко-организаторите за Скопје: Како еден од крајните производи кои ќе ја обележат Startup Europe Week Skopje сакаме да креираме Digital booklet на македонски стартапи. Доколку сакате да бидете дел од овој booklet, пополнете ја кратката форма на англиски, која ќе ви одземе 2-3 минути и споделете ја со вашите пријатели кои имаат старт-ап или се дел од старт-ап.