
Во црногорскиот главен град до крајот на неделата почнува со работа првата такси служба со автомобили на електричен погон, пишува Investitor.me.
Зад оваа услуга, којашто вклучува превоз со Tesla возила, стои Venn tour на турскиот бизнисмен Ахмет Авчи.
Шест возила на Tesla од типот Model 3 ќе бидат ставени на располагање на жителите на Подгорица. Такси услугата со овие возила ќе биде достапна само преку апликацијата TeslaGo.
Фото: Facebook