Подравка доби халал сертификати за 130 производи

67

vegeta

Хрватската прехранбена индустрија Подравка доби халал сертификати за четири фабрики и 130 производи. Станува збор за фабриките Вегета и супи, Детска храна и крем намази, Voće и Калник. Со овие сертификати се потврдува дека нивните производи се произведени во согласност со барањата и мерките на халал стандардите и можат да ги конзумираат и луѓе од муслиманска вероисповед.

“Подравка веќе е домашен лидер, каде со многу труд можеме да ја задржиме таа позиција. Наша цел е да го зголемиме извозниот пазар и затоа овие халал сертификати ни се многу важни. Бројот на потрошувачи на таргетираните пазари кои бараат халал производи е во пораст, што отвора големи можности за раст”, вели претседателот на Управата Звонимир Мршиќ, пренесуваат хрватските медиуми.

Таргетиран пазар не е само Блискиот исток, туку и некои земји во Европската унија, како Франција и Британија, каде халал пазарот е во раст, и тоа не само кај муслиманското население, туку и кај останатите, затоа што халал претпоставува високо ниво и контрола на квалитетот на производот.