Подравка го докапитализира Белупо за 11,3 милиони евра

67

belupoУправата на хрватската компанија Подравка одлучи да ја докапитализира фармацевтската компанија Белупо со 11,3 милиони евра, со што ќе создаде услови за понатамошен раст и инвестициски циклус.

Со оваа Белупо, фирма од составот на Подравка групата, ќе биде докапитализиран со реинвестирање на 11,3 милиони евра добивка од 2013 година, стои во соопштението од Подравка, пренесуваат хрватските медиуми.

“Со значајно зголемување на основниот капитал на фармацевтската компанија Белупо, ја нагласуваме важноста на овој дел од нашата група. Со реинвестирање на добивката, како и со планираниот инвестициски циклус, создаваме услови за понатамошен раст на Подравка група, особено на странските пазари”, вели Звонимир Мршиќ, претседател на Управата на Подравка.

Минатата година Надзорниот одбор на Подравка одобри инвестиција од 51,3 милиони евра во следните три години, која ќе се финансира од сопствени средства и банкарски кредити. Инвестицискиот циклус опфаќа изградба на две нови фабрики, за производство на полутврди и течни, тврди видови на лекови, како и вработување на неколку стотини работници.

Се очекува новите фабрики да почнат со работа во првиот квартал од 2017 година.

Белупо веќе има две фабрики во Копривница за тврди и полутврди фармацевтски облици – креми, масти и гелови, изградени во 1999 и 2004 година, кои заедно со новите лабортории за контрола на квалитетот и магацинскиот простор претставуваат најсовремени производствени погони. Новите фабрики ќе бидат изградени веднаш до постоечките производствени погони во индустриската зона Копривница.