Подравка го запира производството во Полска

52

podravka

Хрватската компанија Подравка донесе одлука за запирање на производството во нивната фабрика во Полска, со цел да се направи рационализација на работните задачи и резултати, пишува Пословни дневник.

По влезот на Хрватска во Европската унија и влезот во зоната за слободно движење на стоката меѓу земјите членки на ЕУ, Подравка одлучи производството на истите видови на производи за пазарите на ЕУ да ги лоцира на едно место, во Копривница.

“Во интерес на понатамошно рационализирање на работите, донесена е одлука за постепено запирање на производството во фабриката на Подравка во Полска“, стои во соопштението на компанијата.

Процесот на запирање на производството во Полска започна на 15-ти декември и треба да заврши на 31-ви март следната година. Подравка Полска, во договор со синдикатот преку програмата за згрижување на вишокот работници ќе исплати отпремнина за околу 45 работници.

Оваа одлука ќе има позитивно влијание на работата на Подравка во 2015 година преку зголемување на искористеноста на производните капацитети во Копривница, со што ќе се намалат трошоците по единица производ и ќе има помали трошоци за вработените.

Одлуката за затворање на производните капацитети во Полска нема да има негативно влијание на продажбата на Подравка во Полска.