Подводниот енергетски кабел меѓу Црна Гора и Италија, трет во светот по должина

35

podvoden kabel

Подводниот енергетски кабел меѓу Црна Гора и Италија, чија изградба започна на крајот на јануари, од 415 километри, ќе биде трет по должина во светот, пишува порталот Банкар.ме.

Овој енергетски кабел е меѓу првите во светот по инсталирана моќност од 1.000 мегавати. Проектот за изградба чини околу 800 милиони евра, а е финансиран од страна на италијанската Terna со кредит од Европската инвестициона банка.

Најдолгиот енергетски кабел е меѓу Норвешка и Холандија со должина од 580 километри, но има инсталирана моќност од 700 мегавати. Засега, трет во светот е кабелот меѓу Австралија и Тасманија и е долг 290 километри со инсталирана моќност од 500 мегавати.