Поевтини нафтата поради растот на залихите во САД

46

Цените на нафтата утринава паднаа под влијание на неочекуваното зголемување на залихите на овој енергент во САД, најголемиот светски потрошувач, како и поради економската неизвесност и потенцијалниот пад на побарувачката.

Барел сурова нафта во САД поевтини за 54 центи и сега чини 74,58 долари, а барел нафта од типот брент поевтинува за 50 центи и утринава се продава за 79,6 долари.

Двете цени се зголемија во понеделникот и вторникот, делумно неутрализирајќи го големиот попуст во првата недела од 2023 година.

„Залихите на сурова нафта во САД се зголемија за 14,9 милиони барели во неделата до 6 јануари“, покажуваат податоците на Американскиот институт за гориво, пренесува Срна.