Од полноќ дизелот поевтинува за два, а бензините за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на Еуродизелот ќе изнесува 66 денари, на Еуросупер БС-95 ќе биде 78 денари, а Еуросупер БС-98 ќе се продава за 79,50 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за 1,5 денари и ќе чини 55 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,7 денари и ќе се продава за 40,19 денари за килограм.