Покачувањето на каматните стапки во еврозоната не е завршено

52

Европската централна банка (ЕЦБ) сè уште не го завршила зголемувањето на каматните стапки во еврозоната, изјави гувернерот на германската централна банка, Јоаким Нагел, додавајќи дека се приближуваат до нивото на кое ќе ја инхибираат економската активност.
Антиинфлаторните мерки на ЕЦБ носат резултати, но борбата против инфлацијата сè уште не е завршена, изјави претседателот на Бундесбанк во интервју за британскиот деловен весник Фајненшл тајмс, пренесува Хина.

Банката мора да се спротивстави на повиците за намалување на каматните стапки прерано по врвот на инфлацијата, бидејќи таа може повторно да се разгори, тврди Нагел.

ЕЦБ повторно ги зголеми клучните каматни стапки минатата недела за половина процент, потврдувајќи дека сепак има намера да го скроти растот на цените со ограничување на побарувачката.

Гувернерот на германската централна банка призна дека каматните стапки се приближуваат до нивото на кое ќе ја инхибираат економската активност.

Советниците на германската влада проценуваат дека најголемата европска економија ќе расте побавно оваа и следната година, посочувајќи ги меѓу причините влошувањето на условите за финансирање кои ќе ги попречат инвестициите.

Поради превирањата во банкарскиот сектор, ЕЦБ на минатонеделната седница покажа поголема волја за корекција на курсот, по повеќекратните пораки дека нема да поколеба во борбата против инфлацијата.

Фото: Pixabay